Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 15 за возење без возачка дозвола, седум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2021 12:41