Основното јавно обвинителство Прилеп до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 46 години кое го товари за сторени кривични дела – Обљуба со злоупотреба на положбата, за кое за две оштетени се гони за продолжено кривично дело по член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик и за две оштетени по член 189 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетитот како тренер по џудо, од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба ивршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување, се вели во соопштението од ОЈО.

Заедно со обвинението надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.​



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2021 15:27