С.Ш.(30) од село Криволак синоќа во 22:45 часот во Полициската станица Неготино пријавил дека околу 22:30 часот неговата мајка А.Ш.(56) била физички нападната од С.Ј.(47) од истото село.
Како што денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.