Синоќа во Радовиш, во близина на реката Сушица, делумно изгореле викенд-куќа и помошен објект сопственост на В.Б.
Според информацијата од СВР Струмица, пожарот прв го забележил Б.К. (36) од Радовиш, кој веднаш пријавил во Полициската станица.
Со интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.