Петнаесет македонски средношколци и студенти од вчера до крајот на месецот, ќе бидат дел од меѓународното жири на најголемиот филмски фестивал за деца на светот – „Џифони“ кој се одржува во Италија.

-Под мотото „Восклик на радоста“ оваа година фестивалот „Џифони“ постепено се враќа во киносалите. Така, на 3000 учесници во живо ќе им се придружат уште 2000 учесници поврзани онлајн од Италија и од други земји ширум Европа. Македонската група повторно е најбројна: по пет претставници во секоја од трите старосни категории ќе ја следат програмата од просториите на „Џифони Македонија“, во согласност со протоколите за безбедност. Тие заедно со своите врсници во киносалите во Џифони и онлајн, ќе ги гледаат филмовите на програмата, ќе дискутираат за нив со гостите и ќе гласаат за своите фаворити, информираат од „Џифони Македонија“.

Најголемиот филмски фестивал за деца на светот оваа година повторно е посветен на јубилејот – 50 години од првото негово издание, поради тоа што минатата година не можеше да биде соодветно одбележан. Овогодишниот настан се одржува под името „Giffoni50Plus“.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2021 13:30