Денеска (22.07.2021) во 09.30 часот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода – Отсек потраги, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Н.Д.(48) од Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“, по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2021 14:09