Секторот за внатрешни работи Тетово расчисти три тешки, една кражба и еден обид за кражба, a како осомничени за нивното извршување до Основното јавно обвинителство Тетово кривично ќе пријави четворица малолетници од Тетово и тетовските села Ларце, Добарце и Горно Седларце.

Четирите лица се сомничат дека во периодот од март до крајот на јуни годинава учествувале во извршувањето на овие кривични дела (имотни деликти), при што на различни места одземале разни производи. Поголемиот дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2021 14:55