Во скопското село Студеничани изутрината полициски службеници од ЕВР Кисела Вода – Отсек потраги, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Н.Д.(48) од Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“, по член 236 од Кривичниот законик, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Лицето било предадено во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.