На 21.07.2021 околу 12.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека товарно возило „ман“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Куманово, а управувано од П.М.(21) од с.Сопот, кавадаречко, додека вршело ископ во водите на р.Вардар, во атар на с.Црвени Брегови, паднало во реката.
Притоа, П.М. починал на местото на настанот, а совозачот Д.Е.(19) од с.Марена се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино.
Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.