Ансамблот на НУ Народен театар – Битола е подготвен за премиерна изведба на претставата „Сомнително лице" од Бранислав Нушиќ во режија на Деан Дамјановски.

Светот на „Сомнително лице" на Нушиќ, прочитан денес, претставува еден дистопичен свет во кој шпионирањето и недовербата, како и лицемерието, корупцијата и стравот се нешто сосема нормално, рече режисерот Дамјановски во пресрет на премиерната изведба закажана за 27 јули во Битола.

– Нашата претстава можеме да ја наречеме „современа нушиќијада" или искривено огледало во кое светот и луѓето во него се претставени токму онакви какви што се, нагласи Дамјановски.

Главната улога во претставата ја толкува актерот Марјан Ѓорѓиевски, а заедно со него на сцената на битолскиот театар ќе настапат и Валентина Грамосли, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Филип Мирчевски, Петар Спировски, Борче Ѓаковски, Никола Стефанов, Александар Копања, Александар Стефановски, Васко Мавровски и Сандра Грибовска.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2021 14:50