Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) за првпат објавува Јавен повик со кој ги повикува граѓаните на Гостивар да го искажат својот интерес за да се кандидираат за советник во Советот на општина Гостивар, информираат од партијата.

Од ДУИ посочуваат дека одлучиле да понудат можност за советници да се кандидираат дури и личности кои не се дел од нивните партиски структури и ги повикуваат сите заинтересирани кои ги поддржуваат политичките ставови на ДУИ и се подготвени да придонесат за нивната општина да се кандидираат за советници на претстојните локални избори во октомври.

Во јавниот повик посочени се критериумите што треба да ги поседуваат заинтересираните кандидати кои своите кандидатури треба да ги поднесат до 15 август.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2021 03:20