​Граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово" од денеска почна да собира потписи од граѓаните на Тетово со цел листата со 31 кандидат за советник да се поднесе до Државната изборна комисија за локалните избори на 17 октомври.

Листата ја предводи Хамди Сулејмани, а потребни им се 350 потписи од жители на општината за да учествуваат на изборите.

– Денес ја доставивме изјавата до Државаната изборна комисија со листа за советници за Совет на Општина Тетово. Сега граѓаните може да дојдат со лична карта во канцеларија број 42 во зградата на Општина Тетово каде е сместена Општинската изборна комисија и да депонираат потпис. Тоа може да го направат секој работен ден од 8 до 20 часот од денес до 30 август, изјави Сулејмани.

Тие имаат кандидати за советници, без кандидат за градоначалник.

-Сега е моментот кога голем број на независни луѓе, кои се неопределени политички да ги поддржат овие активности. Трите главни точки за залагање ни се да биде почист градот, да биде град со план и транспаретност во работењето. Кандидатите се успешни луѓе, професионалци и активисти кои се бореле за овој град. Родова застапеноста е со над 40 отсто жени кандидатки за советници, додека сите се од албанска националност. Имавме повик за другите заедници, но никој не се јави. Повикот е отворен, но листата е предадена, рече Сулејмани.

Граѓанските иницијатива има своја веб-страница и профили на социјалните мрежи каде ќе ги промовира своите активности.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2021 04:32