Просторијата каде е сместено подрачното одделение во Карпош не е во наша сопственост, туку на локалната самоуправа

Во врска со објавените текстови на дел од медиумите дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила директна продолжена дискриминација врз лицата со физичка попреченост од страна на подрачното одделение на Државната изборна комисија во Карпош, Ве известуваме дека просторијата каде е сместена Подрачното одделеније во Карпош не е во сопственост на ДИК, туку на локалната самоуправа, и тие се се објективните капацитети со кои располага општината и кои можела да ни ги отстапи.

Во оваа насока ДИК се обрати до општина Карпош за обезбедување на посоодветни услови.

Исто така напомнуваме дека согласно член 25 став 1 од Изборниот законик, Собранието, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за труд и социјална политика, Државниот завод за статистика и Службата за општи и заеднички работи на Владата и нивните подрачни единици како и општините и градот Скопје, се должни на органите за спроведување на изборите да им обезбедат технички, просторни и други услови за работа.

Државна изборна комисија (ДИК)



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2021 03:37