Предвремено родените бебиња штуцкаат и до 15 минути дневно, а ново истражување покажува дека тоа е еден механизам што придонесува за развој на мозокот.

Икањето се дефинира како ненадејна контракција на дијафрагмата. Научниците од Одделот за неврологија, физиологија и фармакологија при Колеџот во Лондон соопштија дека работат на развивање електрични импулси во мозокот што можат да им помогнат на бебињата полесно да го регулираат дишењето. Стручњаците притоа зеле 13 новороденчиња кои вообичаено штуцкаат. Нивната возраст е од 30 до 42 недели, и сите се родени предвреме. Читањето на мозочната активност преку електроди поставени на скалпот дејствува во согласност со сензорите за движење на телото.

Трудот е објавен во списанието „Клиникал неурофизиолоџи“ (Clinical Neurophysiology). Резултатите покажуваат дека контракциите на мускулите причинети од икање предизвикуваат изразен одговор во мозочниот церебрален кортекс.

Реакцијата е слична на онаа предизвикана од бучава, а мозокот на бебето го поврзува звукот на икањето со контракција на мускулите на дијафрагмата.

Лоренцо Фабризи, еден од авторите на научниот труд, вели дека активноста што произлегува од икањето му помага на мозокот на бебето да научи како да ги контролира мускулите за дишење, така што процесот се контролира со поместување на дијафрагмата. Така, ова е еден битен фактор во развојот за новороденчињата и на нивниот мозок.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2021 03:59