Самостојна изложба „Политичка лиричност“ од ликовниот уметник Перо Кованцалиев вечер ќе биде отворена во изложбениот простор на Уметничката галерија Амам – Гевгелија.

Изложени ќе бидат апстрактни цртежи, каде чадот дефинира форми и создава длабочини.

Перо Кованцалиев магистрирал на Катедрата за вајарство на Факултетот за ликовни уметности и активно работи како самостоен уметник. Имал повеќе самостојни изложби и учествувал на голем број групни изложби во земјава и странство.

Изложбата е во организација на Музеј – Гевгелија, со поддршка од Министерство за култура. Изложбата ќе биде отворена до 6 октомври 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2021 11:03