Организацијата за граѓански активизам и независност, која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување за претстојните локални избори во Република Македонија, кои ќе се одржат на 17 октомври.

Теренското истражување се одвиваше во периодот од 13 септември до 17 септември 2021 на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје. Во теренското истражување на територија на Град Скопје на репрезентативен примерот од 824 испитаници.

Резултатите од ова истражување покажуваат дека од кандидатите за градоначалник на Град Скопје, најголема доверба граѓаните имаат во Данела Арсовска, за која се изјасниле 19.3 отсто од испитаните граѓани.

Зад неа е актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат на СДСМ, Петре Шилегов, за кого се изјасниле дека ќе гласаат 17,4 отсто од граѓаните кои учествувале во анкетата.

Зад нив, следува Перо Георгиевски кој добил поддршка од 6,4 отсто од испитаниците, па Арбен Шаќири со 5,4 отсто доверба итн.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2021 19:34