На 22.09.2021 во 16.10 часот, полициски службеници од Одделот за Крим-полиција-Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(36) од Куманово.

При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени таблети, марихуана, семки од канабис, како и предмети кои ги набавил за подготовка на мини лабораторија за производство на марихуана - импровизирана направа наменета за производство и одгледување на растенија, вентилатори, рефлектори и друга опрема.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2021 16:24