Во СВР Скопје вчера во 20:40 часот било пријавено дека во аптека на улица „Џон Кенеди“, едно лице со закана со нож кон вработената го одзел дневниот промет.

Десетина минути подоцна во аптеката дошол сопственикот А.С.(40), на кого, според пријавеното, му се слошило.

За кратко време со Итна медицинска помош бил однесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар е констатирана смрт. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2021 01:18