Вчера во 12:37 часот во СВР Куманово, З.М.(33) од Куманово пријавила дека околу 12:27 часот во нејзиниот дом била нападната од едно лице.
Според пријавеното, лицето се претставило дека е од кабелска телевизија и побарало да наплати сметки, а кога влегла да побара пари лицето ја нападнало.
Како што е пријавено, за неколку минути дошол нејзиниот сопруг и започнале физичка пресметка со лицето, кое потоа се дало во бегство и при тоа му испаднал пиштол.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, а пиштолот бил подигнат за вештачење.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.