Во Делчево без проблеми на 36 гласачки места започна гласањето за Локалните избори 2021. Право на глас во Делчево имаат 14.736 лица, од кои согласно избирачкиот список 13.569 се на територијата на Општина Делчево, додека 1167 граѓани од списокот се на привремена работа или со престој во странство.

Дел од граѓаните на Делчево кои гласаат на 15 избирачки места веќе го остварија своето право на глас, додека процесот започна навреме и на 21 избирачко место во околните села. Во рамки на вчерашниот ден, како што информираа од Општинската изборна комисија во Делчево, од вкупно пријавени 237 болни и изнемоштени лица, своето право на глас го оствариле 217 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2021 10:33