Пелистер заслужува заради нас, заради битолчани, да биде современ зимски и летен рекреативен Центар. Кој друг може да се пофали со Национален Парк на само 15 минути од центарот на градот?

Гарантираме дека Пелистер ќе биде место кое ќе привлече посетители од поширокиот регион бидејќи ќе понудиме:

- уредени по стандарди и долги патеки за скијање,

- систем планинарски патеки за средно и напредно ниво, маркирани и онлајн достапни

-патеки за планински велосопедизам

- Downhill патека со функционална жицница за пренос на велосипеди

- финансиска поддршка за меѓународни натпревари во планински велосипедизам и downhill

- ќе субвенционираме обука и сертификација на водичи за во планина.

Гарантираме дека Пелистер ќе биде развиен центар во тесна соработка со интернационалните донаторски организации во земјата, дека ќе прерасне во туристичка атракција почитувајќи ги еко стандардите на она што значи најстар Национален Парк во регионот.

Мои битолчани, Пелистер беше главното ветување на СДСМ пред 4 години.

За 4 години, СДСМ на Пелистер остави само 1 км ски патека на која оперира жичница градена со самопридонес пред децении. На Пелистер сеуште има споменици од некогашното колективно летување, сеуште стои распаднато Детско Одморалиште, сеуште стои изгорениот до темел Планинарски Дом Копанки.И после 4 години на Пелистер стојат спомениците на лажните ветувања на СДСМ, како потсетување за сите нас да не поверуваме во нови лажни ветувања.

Работењето за Пелистер да биде современ рекреативен центар не подразбира косење на тревата . Ако тоа е ревитализацијата која СДСМ може да ја понуди за Пелистер, ги повикуваме веднаш да се откажат, ќе ја средиме ние битолчани, сами. Еве баш како денеска, кога се собравме сите заедно да го исчистиме и освежиме овој дел околу стазата Копанки.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2021 14:56