Скопје е најзагаден град во Европа.

Затоа, ветувам дрворед на секоја улица и зелени оази наместо бетон, погледнете како сега изгледа тоа.

Ќе ги лоцираме загадувачите и низ акционен план ќе ги елиминираме. Ќе водиме бескомпромисна казнена политика за загадувачите.

Ќе има Ден без автомобили што е светска практика. Отпадот ќе се депонира и селектира со современи технологии.

Ќе поставиме автоматизирани јавни тоалети. Редовно ќе го пошумуваме Водно.

Во мојот мандат нема да издаваме одобренија за градба за згради на Водно, за зелен и чист Центар. За Центар со душа.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2021 15:07