Домот на културата во Гевгелија за своите сограѓани организираше интересен културен настан на кој беше прикажана филмуваната реконструкција на женските обредни поворки „Лазарице“ од етничкиот предел Долни Подлог.

–Во обичаите и обредите е накалемена традиција како највистинит одраз на еден народ и на едно време. Реконструкцијата значи одново реинкарнирање на одреден настан кој во целост е идентичен на некогашната изведба, рече етнокореологот Бојан Петковски.

Кратката филмувана реконструкција беше номинирана за Гранд при на годинашниов 30-ти Интернационален фетивал на етнолошки филмови во Белград каде филмови од уште 24 земји од целиот свет се натпреваруваа за големата награда на Драгослав Антониевиќ.

Поради големиот интерес, гевгеличани филмот го гледаа во две проекции.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2021 16:01