Доколку следната недела има парламентарни избори, на нив ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, покажува анектата на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).

Анектата, која била спроведена со телефонско истражување во периодот помеѓу 19 и 22 октомври 2021 на 1102 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која ужива најголема доверба во земјава – високи 23% од репрезентативниот примиерот на испитаници одговориле дека на параламентарните избори би гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката СДСМ континуирано бележи пад на довербата на граѓаните. На оваа анкета, само 17,6% испитаници се изјасниле дека сакаат СДСМ да ја води земјата уште 4 години. Левица е на третото место, со 4% доверба, колку што има и лидерот на партијата, Димитар Апсиев.

ДУИ е се уште најдоброрангирана партија во албанскиот блок. На парламентарни избори кои би се одржале утре, 6,7% од испитаниците би го заокружиле бројот пред името на партијата на Али Ахмети. На второ место е Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, со 4,9% доверба, а на трето место е Беса, со само 1,6%.

Голем процент, 14,9%, од испитаниците одговориле дека не сакаат да се изјаснат, а 12,8% не знаеле или не сакале да одговорат. 11,3 отсто од испитаниците, пак, ја изгубиле довербата во политичките партии и не ѝ веруваат на ниту една партија.

Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата. Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2021 16:07