Потпретседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари на прес-конференција ја најави поддршката за кандидатите за градоначалници на политичката партија Движење Беса во вториот круг и ја поздрави нивната одлука да дадат поддршка на кандидатите на Алијанса-Алтертнатива.

– Веднаш по објавувањето на резултатите, ние како коалиција го искажавме нашиот став дека треба да се поддржат сите кандидати на албанската опозиција што се борат против ДУИ, рече Таравари.

Тој го поздрави повикот на Движењето Беса за поддршка на кандидатите на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернативa и го повтори, како што рече, конзистентниот став нивните членови и симпатизери и сите други гласачи да ги поддржат кандидатите на Движењето Беса во општините каде што се соочуваат со ДУИ.

– Ние и натаму тврдиме дека ДУИ треба да падне од секоја власт. Се надеваме дека Движењето Беса навистина има за цел да се одвои од злото, но потсетуваме дека тоа се прави само доколку ДУИ биде целосно отстранета од власта и создадеме ново парламентарно мнозинство, нагласи Таравари.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2021 01:32