Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски од Куманово пред граѓаните на Куманово порача дека одат на победа, за нови детски градинки, за нови улици, за нови проекти кои значат развиен град. – Само обединети можеме да го победиме режимот во Куманово-порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски кој ги повика граѓаните на Куманово на обединување.

Тој кажа дека во Куманово во магистралните и регионалните патишта вложени се 120 милиони евра и инвестирани се 3, 4 милиони евра во образованието во Куманово и најави дека реконструкцијата на училиштата, игралиштата ќе продолжи.

– Социјалдемократот, Оливер Илиевски ќе биде новиот градоначалник. Тој се обврза за секое училиште во Куманово да мора да биде реконструирано и вети дека ќе внесе 6,5 милиони евра во образованието-рече Спасовски.

Тој посочи дека како централна власт секогаш се подготвени да помогнат на Куманово.

– Никогаш повеќе кумановци да не се чувствуваат запоставено, а со ваша поддршка ќе победиме за модерно и зелено Куманово-порача Спасовски пред граѓаните на Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2021 01:32