Гарантираме дека социјалната заштита ќе ја организираме според применети практики и искуства од европските градови, а социјалните услуги ќе ги моделираме според егзистенцијалните потреби на секој поединец.

Гарантираме воспоставување социјално покровителство - патронажа која ќе им доставува услуги на возрасните наши сограѓани во нивните домови, заедно и во силно партнерство со граѓанските организации.

Гарантираме формирање Центар за работа со деца со попреченост.

Гарантираме Формирање кризен центар за деца и жени - жртви на семејно насилство и воспоставување СОС телефон за жртви од насилство.

На Битола и е неопходна и програма „Асистенти за независен живот“, помош за сите на кои им е потребна.

Гарантираме субвенционирање при вработувањето жени од ризични и социјално ранливи категории, обезбедување услови за нормален живот, а новата локална самоуправа ќе биде вистинска поддршка за оваа категорија наши сограѓанки. Тоа им го должиме и мора да им помогнеме.

Гарантираме обука за негователки на лица во домашни услови и сакаме да напоменеме дека даваме цврста гаранција, дека посебно внимание ќе обрнеме во вклучувањето во обуките на самохраните мајки.

И на крајот, гарантираме дека конечно ќе го ставиме во функција Економско - социјалниот совет, кој ќе биде наш вистински партнер во менувањето на социјалната структура во општина Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2021 14:48