Најпрво да им се заблагодарам на моите гевгеличани за огромната поддршка и убедливата победа во првиот круг од локалните избори во општина Гевгелија.

Победивме и покажавме дека Гевгелија сака промени. Јас и мојот тим се обврзуваме да му го вратиме на Гевгелија приматот на најперспективен град во Република Македонија. Затоа ги повикувам моите сограѓани на масовна излезност во вториот круг, само така ќе ја вратиме Гевгелија на вистинскиот пат. Во следните четири години гарантирам многу работа, посветеност, отчетност и реализирање на проекти.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2021 15:58