Времето за промени дојде, тоа го покажа народот во првиот изборен круг и во Прилеп, и во Велес, и во Штип, и во цело Скопје, и во други 22 општини.

Затоа е време за промени и во Ранковце. Благодариме за довербата во првиот круг, како водечки кандидат Борче Спасовски, покажа дека ја ужива поддршката на сите жители на Ранковце.

И очекуваме во вториот изборен круг во една мирна, достоинствена атмосфера да ја направиме промената и во Ранковце, и во Кратово, и во Пробиштип и во сите останати општини во третата изборна единица.

Каде што погрешните економски политики на Заев очекуваме да бидат поразени од народот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2021 16:12