Државната изборна комисија (ДИК) во четврток ќе ги дистрибуира гласачките ливчиња и изводите од Избирачкиот список за вториот круг од Локалните избори до Општинските изборни комисии, а во петок ќе се доставуваат терминалите за отпечатоци од прсти.

Според податоците од ДИК, на вториот круг од изборите ќе се гласа во 44 општини за градоначалници, а првиот круг ќе се прегласува на по едно избирачко место во Дебар за градоначалник и во Шуто Оризари за членови на совет. Поради непостигнат цензус гласање за градоначалник нема да има во Центар Жупа и Маврово Ростуше.

Во сабота ќе гласаат болните и изнемоштените, лицата со Ковид-19 и во самоизолација, затворениците и во страските домови. Ноќеска на полноќ заврши рокот за пријавување на лицата со Ковид за гласањето во недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2021 16:16