Навреме се отворени гласачките места во Куманово и Старо Нагоричане, информираа претседателите на општинските изборни комисии.

Претседателката на ОИК Куманово Бранкица Димковиќ, информираше дека сите избирачки места се отворени и граѓаните го остваруваат своето право на глас.

Во Куманово денеска право на глас имаат 93.986 граѓани кои гласаат на 167 избирачки места

Гласањето е почнато и во општината Старо Нагоричане, информираше претседателот на ОИК Старо Нагоричане, Маријан Даиловски. Во оваа општина право на глас денеска имаат 3.262 лица кои гласаат на 38 избирачки места.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2021 11:52