На сите 101 избирачко место во Општина Струга и трите избирачки места во Општина Вевчани, утрово во 7 часот почна гласањето во вториот круг од локалните избори, на кои се бира меѓу двајца кандидати за градоначалник.

Претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукоска потврдија дека гласањето тече добро, без никакви проблеми.

Во Општина Струга право на глас имаат 61.437 гласачи, од кои 259 стари, болни и немоќни лица беа пријавени и своето гласачко право го остварија вчера, во нивните домови.

Во Избирачкиот список во Вевчани регистрирани се 2.075 гласачи, а вчера гласале 25 лица, од кои 18 стари, болни и изнемоштени и седуммина ковид позитивни.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2021 11:52