Во Македонска Каменица навреме почна гласањето за градоначалник во вториот круг од локалните избори.

Данче Донева Гоцевска претседател на најголемото избирачкото место во Македонската Каменица, информираше дека на почетокот на гласањето не се евидентирани проблеми со уредите за биометриска идентификација на гласачите.

-Гласањето отпочна во ред, немавме проблеми со уредите за биометриска идентификација на гласачите, како и други пречки и потешкотии. На ова избирачко место кое е најголемо во нашата Општина имаме 1012 гласачи, рече Донева Гоцевска.

Во Македонска Каменица во вториот круг од изборите право на глас имаат 4072 избирачи кои своето право на глас можат да го остварат на 17 избирачки места во градот и населените места.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2021 11:55