На гласачкото место 0543 во Дебар, каде денеска се повторува гласањето и за градоначалник и за советници, до 13 часот забележана е поголема излезност споредено со првиот круг.

– Од запишаните 777 граѓани во единствениот избирачки список, до 13 часот правото на глас го остварија 270 граѓани или 34,7 отсто. Споредено со првиот круг процентот на излезност е повисок за 16,7 отсто. Тогаш до 13 часот гласаа 140 граѓани или 18 отсто, колку што беше излезноста денеска до 11 часот, изјави за МИА, Јованка Јосифовска, потпретседателка на Општинската изборна комисија.

Во посета на ова гласачко место, со цел одблиску да го следат изборниот тек, беше претседателот на комисијата Рилинд Хаса, заедно со потпретседателката Јованка Јосифовска и членовите на комисијата, Афет Авмедоски и Илмија Исени. Според нивна оценка, изборниот тек минува непречено, со постојан раст на излезноста.

Во првиот круг правото на глас на ова избирачко место го остварија 484 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2021 14:24