Процентот на излезност на гласачите во 13 часот во ОПштина гевгелија достигна 34,18 отсто од запишаните во избирачкиот список, информираат од ОИК Гевгелија.

Најновите податоци велат дека до 13 часот на 36 избирачки места гласале 6.520 лица од вкупно запишаните 19.076 граѓани со право на глас.

Досега нема ниту една забелешка за одвивањето на гласачкиот процес во вториот круг на Локалните избори во општина Гевгелија.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2021 14:26