Во Општина Ресен до 13 часот гласале 3.771 лице или 23,04 проценти од 16.378 лица регистрирани во Избирачкиот список, информира претседателот на Општинската изборна комисија Тодор Китевски.

Излезеноста до 13 часот, според него, е за два отсто поголема од првиот изборен круг.

– Гласањето тече нормално, досега без проблеми и потешкотии, изјави Китевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2021 14:42