Во Општина Пробиштип до 13 часот гласале 4 839 граѓани или во проценти 38,6 отсто.

Во Пробиштип надминати се сите технички проблеми со апаратите за отпечаток од прст, изјави претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Јорданчо Димитриевски.

-На поголемите избирачки места, гласањето се одвива без задржување на гласачите и во споредба со првиот изборен круг, денеска имаме побрзо гласање и надминати проблеми со апаратите, вели Димитриевски.

Во Општина Пробиштип со право на глас се 12 545 граѓани, а за избор на градоначалник на општината се гласа на 46 избирачки места.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2021 14:47