Во пелагониските општини Битола и Демир Хисар продолжува изборниот процес за градоначалник во рамки на вториот круг од локалните избори.

На територијата на Општина Битола право на глас имаат 80.882 лица, на 170 избирачки места до 15 часот гласале 41,68 отсто од жителите евидентирани во Единствениот избирачки список.

На територијата на Општина Демир Хисар се гласа на 36 избирачки места. Право на глас имаат 6.959 лица евидентирани во Единствениот избирачки список, а до 15 часот гласале 64,03 проценти од граѓаните со право на глас.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2021 16:20