Кандидатите за градоначалници на Ново Село од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Ѓорѓе Божинов и на Василево, Славе Андонов, прогласија победи на локалните избори.

Божинов неофицијално го победил противкандидатот од СДСМ, Ѕвонко Ангелов, со околу 200 гласови, а приврзаниците на ВМРО – ДПМНЕ слават во Ново Село.

Според првичните неофицијални информации разликата на Андонов во однос на Марјан Јанев од СДСМ е околу триесетина гласови, а членовите и приврзаниците на Андонов веќе слават во Василево.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2021 22:23