Актуелниот градоначалник на Ресен, Живко Гошаревски (СДСМ), вечерва му ја честита победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Ресен, Јован Тозиевски.

Гошаревски на Фејсбук профилот напиша дека Ресен и Преспа мора да бидат подобро место за живеење за сите.

Мои почитувани преспанци, мои сограѓани, ми беше огромна чест што претходниве четири години бев градоначалник на Општина Ресен. Ви благодарам на вашата несебична поддршка, а зад нас оставаме проекти со кои ќе се гордееме.

На новиот градоначалник Јован Тозиевски му посакувам многу успех и секогаш општината да ја става пред сѐ и над сѐ, напиша Гошаревски.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2021 22:24