Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната прес-конференција им се заблагодари на коалициските партнери, но и на политичките партии што ги поддржаа како Алтернатива, Алијанса на Албанците, Левица.

– Докажавме дека опозицискиот фронт е возможен и поставивме основи за идна соработка и идна владина коалиција врз база на принципи и вредности на спојување и меѓусебна почит и разбирање. Покажавме дека и покрај разликите, сепак можеме да се обединиме околу заедничка цел. Македонија без корупција која ќе се развива и оди напред, Македонија во која ќе се бориме да биде интегрирана во ЕУ, на стабилен систем каков што немаме. Тоа докажува дека еден опозициски блок е речиси сосема извесен. Истиот тој ќе донесе огромна победа на следните парламентарни избори кои многу е веројатно дека ќе бидат предвремени, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со новото парламентарно мнозинство, Мицкоски рече дека времето ќе покаже како ќе се одвиваат работите, и нагласи дека е најдбро власта да си замине на предвремени избори.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2021 22:49