Независната кандидатка Данела Арсовска која беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори на 97% од обработените избирачки места води со околу 30.000 гласа пред нејзиониот опонент и актуелен градоначалник на главниот град Петре Шилегов од владеачката партија.

Според податоците на ДИК на 97,08% од обработените гласови за Данела Арсовска гласале 115.421 граѓани додека за Шилегов гласале 86.759.

По изборниот дебакл на власта и во првиот и во вториот круг, премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција најави дека ќе поднесе оставка.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2021 00:41