За прв пат во историјата на независна Република Македонија главниот град ќе биде раководен од жена. Независната кандидатка со поддршка на опозицијата Данела Арсовска во вториот круг од локалните избори ја потврди победата која ја оствари пред две недели и ја доби поддршката на Скопјани.

Според првичните и неофицијални резултати на Државната изборна комисија, на 100% обработени избирачки места, Арсовска доби 118.765 гласови додека нејзиниот политички опонент освои 90.682 гласа.

Со овој резултат Арсовска ја зголеми победата над Шилегов, односно разликата е околу 28.000 гласови за разлика од првиот круг кога победи со 8.000 гласови повеќе.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2021 03:47