Во Охрид утре ќе се одржи манифестацијата „Фолклорни смотри, западен регион“, во организација на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија.

Манифестациајта почнува напладне со дефиле на учениците по охридската чаршија, а еден час подоцна, односно од 13 часот на Античкиот театар предвидени се сценски презентации на културно-уметничките друштва и фолклорните ансамбли.

На манифестацијата настапи ќе имаат 13 кулутурно-уметнички друштва и ансамбли од Охрид, Битола, Ресен, Струга, Јегуновце, Демир Хисар, Теарце, Вевчани и Новаци.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2021 14:09