Во Младинскиот културен центар во Скопје вечер премиерно ќе биде одиграна театарската претстава „Мајсторот за спомени“. Станува збор за авторска претстава на Јане Спасиќ, во продукција на независното театарско здружение Артопија.

Во претставата се зборува за успешен психотерапевт, со специфични методи на терапија, кои се состојат од менување на сеќавањата на своите пациенти, полека ги губи своите спомени. Преку неговата борба да ги зачува своите спомени, претставата ги истражува сеќавањата и нивната поврзаност со театарот и животот.

Актери кои играат во претставата се Ненад Митевски, Елена Кузманов, Мартин Јорданоски, Бојан Кирковски, Симона Спировска и Анастасија Аневска.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2021 10:34