„Боја во црно белиот свет“ е наслов на самостојната изложба – ретроспектива на уметницата Маја Николовска, што ќе биде отворена денеска во галеријата „КО-РА“ во Скопје.

Маја Николовска е дипломиран ликовен педагог со отсек сликарство во класта на Рубен Корубин, на Факултетот за ликовни уметности, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со положен приправнички испит за професор по ликовно образование.

Ова е нејзина четврта самостојна ретроспективна изложба, на која ќе се претстави во повеќе техники.

Изложбата вклучува графички и акварелни дела во техниките – сито печат, линорез, аква тинта, туш, јаглен, молив, акварел. Учествува и на неколку ликовни колонии во земјата и надвор. Добитничка е и на повеќе награди.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2021 10:47