Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од Г.П. Илинден – Струга известуваат дека на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан кај м.в. Печуркара, каде што сообраќајот се одвиваше по девијација, таа ќе биде одстранета и сообраќајот ќе се одвива нормално по коловозната лента.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2021 10:25