Романот „Турнеја“ на македонскиот писател Сашо Огненовски е добитник на Наградата за најдобар роман по повод триесетгодишнината на Хрватското книжевно друштво од Риека.

Наградата на Огненоцски му ја додели претседателот на Хрватското книжевно друштво, Валерио Орлиќ на церемонија во салата на Советот на Град Риека.

Во просториите на Македонското културно друштво „Илинден“, пак, беше одржан книжевен портрет на Огненовски, каде беа претставени неговите книги, наградениот роман и книжевното списание „Книжевни елементи“, чиј последен број беше посветен на хрватската книжевност.

Писателот Огненовски доби награда и за особени заслуги во областа на книжевноста.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2021 14:33