Во Националната опера и балет вечер со почеток во 20 часот ќе биде изведено едно од ремек делата на Џакомо Пучини „ТОСКА“.

Диригент на оваа драматична трагедија на Пучини е Бисера Чадловска, а претставата е во режија на Огњан Драганов од Бугарија. Сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска.

Весна Ѓиновска-Илкова и Зоран Сотиров ги толкуваат улогите на главната хероина Тоска и нејзиниот љубовник Каварадоси, заедно со Борис Трајанов во улогата на злобниот Скарпија.

Во останатите улоги настапуваат Ернес Ибраимовски, Драган Ампов, Никола Стојчевски, Диме Петров, Димитар Кожухаров и Десанка Глигоријевиќ.

На претставата настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2021 11:55