Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска во својот кабинет оствари средба со претставници од КУД „Китка” од Драчево, на која раководството му ја презентираше својата планирана програма. Ѓорѓиевски истакна дека анамблот опстојува со децении и е едно од заштитните обележја на општина Кисела Вода.

-Оттука, и неговото значење за нас е големо, потенцираше градоначалникот на средбата и додаде дека преку поддршката на фолклорните друштва, преку овозможувањето на подобри услови за нивното опстојување и функционирање, локалната самоуправа дава свој удел во афирмацијата на македонскиот фолклор и традиција.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, претставниците на КУД „Китка“ со градоначалникот разговараа за потребите на друштвото и за можностите кои Општината може да ги понуди со цел да се подобрат условите за работа, но и за „Китка” да продолжи да учествува во креирањето на културно-уметничкиот живот во овој дел на Скопје.

-„Китка“ е културно-уметничко друштво кое оставило белег во светски рамки и секогаш може да смета на поддршката од оваа локална самоуправа. А негова задача ќе биде и понатаму да нè претставува во најдобро светло низ светот, истакна Ѓорѓиевски на средбата.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2021 15:07